Училница во природа

Во рамки на проектот „Gazebo classroom“, финансиски поддржан од американското здружение на граѓани „Macedonia Schools Project“, во ООУ „Ванчо Николески“ успешно се изгради училница во природа.

Преку изградба на оваа училница создадовме можност дел од наставата да се реализира во природа, кога целите тоа го предвидуваат, а временските услови тоа го дозволуваат. Училницата е изградена од квалитетно природно дрво, а капацитетот на истата дозволува истовремено да се реализира настава со две паралелки.

Во септември училиштето беше посетено од сегашниот и претходниот претседател на здружението „Macedonia Schools Project“ од Америка, кои изразија задоволство од досегашната соработка, а ние изразивме благодарност за нивната несебична поддршка.

Нашето училиштето ќе продолжи да соработува со здружението „Macedonia Schools Project“, кое веќе 15 години го помага училиштето донирајќи разни наставни средства и помагала, со што значително се подобрени условите за настава. Координатор на овој проект во нашето училиште е педагогот Весна Терзиоска.

Презентација за заштита од насилство

Во соработка со Отсекот за превенција при СВР Охрид, во нашето училиште во Лескоец се одржа презентација за заштита од насилство, сајбер насилство и булинг.

Continue reading “Презентација за заштита од насилство”

Работилница по предметот Вештини на живеење

Во рамки на избориот предмет Вештини за живеење што се изучува во VII одделение, нашето училиште во соработка со ДУЦ „Ванчо Питошески”- Охрид организираше работилница за Бон тон во ресторан.

Continue reading “Работилница по предметот Вештини на живеење”

ОБУКА ЗА МЕДИУМСКА ПИСМЕНОСТ

На 24-ти и 25-ти Октомври во нашето училиште се реализира 8 часовна обука за медиумска писменост. Учесници на обуката беа вкупно 26 наставници, и тоа наставници од одделенска настава и наставници по македонски јазик во предметна настава од училиштата: ООУ „Ванчо Николески“ – Лескоец и ООУ „Живко Чинго“ – Велгошти.

Continue reading “ОБУКА ЗА МЕДИУМСКА ПИСМЕНОСТ”

Детска недела

По повод Детската недела која се одбележува секоја година во првата полна недела од месец Октомври, оваа година во нашето училиште, ООУ „Ванчо Николески“, се реализраа низа активности под мотото „Јас и светот околу мене“.

Continue reading “Детска недела”

Професионален развој на наставниците и стручните соработници – обука за ESEP платформата и E twining проекти

На 02.10.2023 година во нашето училиште се реализира обука за ESEP платформата, eTwinning проекти и соработка помеѓу наставниците. На обуката присуствуваа 20 наставници и стручни соработници од нашето училиште, заинтересирани да ја имплементираат можноста на eTwinning платформата во својата секојдневна работа со учениците.

Continue reading “Професионален развој на наставниците и стручните соработници – обука за ESEP платформата и E twining проекти”

Краток филм за свадбени обичаи во рамки на Еразмус+ проектот „Наша култура, наша иднина“

Краток филм за „Свадбени обичаи“ со кое успешно се претставивме на образовната мобилност во Корчула (Република Хрватска), од 15-19ти Мај 2023 година, а во рамки на Еразмус+ проектот „Наша култура, наша иднина“. Следејќи ги насоките и во рамки на можностите, со филмчето успеавме да прикажеме повеќе од свадбените обичаи кај нас, а публиката истото го проследи со големо воодушевување и позитивни коментари.

WEDDING CUSTOMS

За изработка на филмчето помогнаа наставничката Емилија Блажеска, КУД „Фаланга“ од Лескоец, Филип Ставрески, родителот Леон Котоски, ученикот од VIIIa Мартин Котоски, а и сите ученици вклучени во снимањето.

Покрај тоа, учениците во Корчула се претставија и со презентација за резултатите од истражувањето на тема „Стари предмети во нашиот крај“, што го реализираа со наставничката Aleksandra Petrevski.

Незаборавни искуства и впечатоци од последната образовна мобилност во Корчула

Еразмус тимот од ООУ „Ванчо Николески“ со незаборавни искуства и впечатоци ја заврши и последната образовна мобилност од Еразмус+ проектот „Our culture, our future“ („Наша култура, наша иднина“). Истата се реализираше во периодот од 15-ти до 19-ти Маj 2023 година на островот Корчула, Хрватска. Тимот од четири ученици од нашето училиште (Софија Колушоска, Анастасија Котоска, Давор Сотироски и Златко Митрески) го водеа педагогот Весна Терзиоска и наставничката Елисабета Настоска. Освен претставници од нашето училиште, присуствуваа и претставници од: Корчула (Хрватска), Турција, Романија, Италија и Португалија.

Continue reading “Незаборавни искуства и впечатоци од последната образовна мобилност во Корчула”

E-TWINNING ПРОЕКТ

Forgotten Words – Заборавени зборови

Во Јануари 2023, осум ученици од VII и IX одделение со наставничката по англиски јазик се приклучија во е – твининг проектот „Заборавени зборови“. Заедно со соученици од Турција, Романија, Хрватска, Србија, Грузија, Португалија, Литванија и Грција преку разни активности, онлајн средби, изработки учеа и презентираа стари заборавени зборови и се потсетија на минатото. Целта е преку интегрирани предмети на училиште, историја, англиски и мајчин јазик, преку користење разни ИКТ алатки, да развиваат културна свест и изразување, писменост, лична и социјална свест, да учат за да научат.

Continue reading “E-TWINNING ПРОЕКТ”