Незаборавни искуства и впечатоци од последната образовна мобилност во Корчула

Еразмус тимот од ООУ „Ванчо Николески“ со незаборавни искуства и впечатоци ја заврши и последната образовна мобилност од Еразмус+ проектот „Our culture, our future“ („Наша култура, наша иднина“). Истата се реализираше во периодот од 15-ти до 19-ти Маj 2023 година на островот Корчула, Хрватска. Тимот од четири ученици од нашето училиште (Софија Колушоска, Анастасија Котоска, Давор Сотироски и Златко Митрески) го водеа педагогот Весна Терзиоска и наставничката Елисабета Настоска. Освен претставници од нашето училиште, присуствуваа и претставници од: Корчула (Хрватска), Турција, Романија, Италија и Португалија.

Continue reading “Незаборавни искуства и впечатоци од последната образовна мобилност во Корчула” →

E-TWINNING ПРОЕКТ

Forgotten Words – Заборавени зборови

Во Јануари 2023, осум ученици од VII и IX одделение со наставничката по англиски јазик се приклучија во е – твининг проектот „Заборавени зборови“. Заедно со соученици од Турција, Романија, Хрватска, Србија, Грузија, Португалија, Литванија и Грција преку разни активности, онлајн средби, изработки учеа и презентираа стари заборавени зборови и се потсетија на минатото. Целта е преку интегрирани предмети на училиште, историја, англиски и мајчин јазик, преку користење разни ИКТ алатки, да развиваат културна свест и изразување, писменост, лична и социјална свест, да учат за да научат.

Continue reading “E-TWINNING ПРОЕКТ” →

СО ПЕТТАТА ОБРАЗОВНА МОБИЛНОСТ ВО ИТАЛИЈА, СЕ ЗАВРШИ ПРОЕКТОТ ,,STRATEGIES FOR IMPROVING ATTENDANCE AND REDUCING TRUANCY” 

Во периодот од 18.04.2023 до 22.04.2023 во Италија, гратчето Isernia, се одржа петтата и последна образовна мобилност од Еразмус+ проектот ,,Strategies for improving attendance and reducing truancy” („Стратегии за подобрување присуство и бегање од часови“). На оваа мобилност присуствуваа претставници од училиштата од сите партнери во проектот: Македонија, Србија, Словенија, Турција и домаќините – Италија. Од нашето училиште претставници на оваа мобилност беа: наставничката по англиски јазик Елисабета Настоска, педагогот Весна Терзиоска, директорот Сашо Климоски, како и наставниците: Емилија Блажеска и Петар Киселинов.

Continue reading “СО ПЕТТАТА ОБРАЗОВНА МОБИЛНОСТ ВО ИТАЛИЈА, СЕ ЗАВРШИ ПРОЕКТОТ ,,STRATEGIES FOR IMPROVING ATTENDANCE AND REDUCING TRUANCY” “ →

Големи успеси на регионални натпревари на ученици од ООУ „Ванчо Николески“

Ученици од нашето училиште учествуваа на регионални натпревари по повеќе предмети и постигнаа одлични резултати, а некои од нив се стекнаа со пласман на државен натпревар.

Continue reading “Големи успеси на регионални натпревари на ученици од ООУ „Ванчо Николески“” →

Незаборавно искуство во Финска на ученици и наставници од училиштето во рамки на Еразмус+ проектот „Се грижам“

Во рамки на проектот „Се грижам“/„I CARE“ тим од 3 ученици (Кристијан Ристески, Андреј Маркоски и Мартин Чифлигароски), а под водство на менторите: наставничката Елисабета Настоска и педагогот Весна Терзиоска, во периодот од 20 – 24 Март беа дел од образовната мобилност која се реализираше во Финска, градот Кеми.

Continue reading “Незаборавно искуство во Финска на ученици и наставници од училиштето во рамки на Еразмус+ проектот „Се грижам“” →

Еразмус+ образовна мобилност во Словенија

        На четвртата образовна мобилност од Еразмус+ проектот „Стратегии за намалување на отсуствоото од часови“ која се реализираше од 20-ти до 24-ти Март 2023 година присуствуваше тим од ООУ „Ванчо Николески“ во состав: Марија Крцоска, Габриела Ѓоргиевска, Силвана Смическа, Љубица Тодороска и Јасмина Андриевска. Истата беше на тема „Integrating STEAM projects in science lessons“, а се реализираше во Љубљана, Словенија.

Continue reading “Еразмус+ образовна мобилност во Словенија” →

ДЕН НА ШЕГАТА – АПРИЛИЈАДА 2023

Во ООУ “Ванчо Николески” – Лескоец, традиционално се одбележа Денот на шегата, 1-ви Април како од наставниците и учениците од централното училиште во Лескоец, така и од подрачните училишта во Косел, Куратица и Ливоишта.

Continue reading “ДЕН НА ШЕГАТА – АПРИЛИЈАДА 2023” →

Еразмус+ образовна мобилност во Турција, во рамки на проектот „Наша култура, наша иднина“

Во периодот од 13-ти до 17-ти Март 2023 година делегација од ООУ „Ванчо Николески“ присуствуваше на петтата мобилност од Еразмус+ проектот „Our culture, our future“ („Наша култура, наша иднина“), што се реализираше во Салили, Турција. Целта на оваа мобилност беше запознавање и споделување знаења и искуства за културното и историско наследство на партнер земјите, со посебен акцент на стари занаети на земјата домаќин и земјите учеснички.

Continue reading “Еразмус+ образовна мобилност во Турција, во рамки на проектот „Наша култура, наша иднина“” →

Постигнати резултати на натпревари

Во изминатиов период наши ученици под раководтсво на нивните наставници учествуваа на општински натпревари по повеќе предмети, постигнаа одлични резултати и некои од нив обезбедија пласман за учество на регионални натпревари.

Continue reading “Постигнати резултати на натпревари” →

Денот на екологијата

Денес со голем број активности традиционално се одбележа Денот на екологијата во нашето училиште, како од учениците и наставниците од централното училиште во Лескоец, подрачните училишта во Косел, Куратица и Ливоишта, така и од учениците и членовите на еколошката секција.

Continue reading “Денот на екологијата” →