ОТВОРЕН ДЕН И НОВОГОДИШЕН БАЗАР ВО ООУ„ВАНЧО НИКОЛЕСКИ“

На 24-ти декември во ООУ „Ванчо Николески“ – Лескоец беше реализиран Отворен ден во рамки на Проектот за поттикнување демократска клима во училиштето „Донеси и понеси книга“ и Новогодишен базар на отворено.

Continue reading “ОТВОРЕН ДЕН И НОВОГОДИШЕН БАЗАР ВО ООУ„ВАНЧО НИКОЛЕСКИ“”

ПОСЕТА НА НУ „ГРИГОР ПРЛИЧЕВ“ ВО ОХРИД ВО РАМКИ НА ПРОЕКТОТ „ДОНЕСИ И ПОНЕСИ КНИГА“

Со почитување на сите Ковид – 19 протоколи во посета на НУ Библиотека во Охрид беа група ученици и дел од раководниот тим на ООУ „Ванчо Николески“ од Лескоец.

Вработените од библотеката им приредија одлично „патување“ низ новите простории на библиотеката, нудејќи детални инфомации за секојдневната работа, за патот на книгата од нејзината набавка, обработка, до пултот за зајмување и на крај до рацете на читателот. Беа споделувани и интересни совети, примери и податоци за сите други работни обврски кои се извршуваат во установата, а се во интерес на граѓаните.

Continue reading “ПОСЕТА НА НУ „ГРИГОР ПРЛИЧЕВ“ ВО ОХРИД ВО РАМКИ НА ПРОЕКТОТ „ДОНЕСИ И ПОНЕСИ КНИГА“”

ЕРАЗМУС+ МОБИЛНОСТ ВО ВРОЦЛАВ, ПОЛСКА

Во периодот од 05.12 – 10.12. 2021 година во Вроцлав, Полска се одржа втората мобилност од Еразмус+ проектот „I CARE“. Првата мобилност беше во истиот град во текот на октомври 2021 година, но нашето училиште поради околностите и правилата за Ковид пандемијата присуствуваше онлајн на истата. Целта на проектот „I CARE“ се активности за зачувување на животната средина и грижа за истата, што е содржано и во самото име. Темата на оваа мобилност беше рециклирање и реупотреба на материјалите, со цел создавање помал отпад. На оваа мобилност освен од нашата земја, присуствуваа претставници од училишта од земјите партнери во проектот, и тоа: Шпанија, Естонија, Полска, Чешка и Финска. Од нашето училиште претставници на оваа мобилност беа: наставничката по англиски јазик Елисабета Настоска, педагогот Весна Териоска и ученикот Андреј Маркоски од осмо одделение.

Continue reading “ЕРАЗМУС+ МОБИЛНОСТ ВО ВРОЦЛАВ, ПОЛСКА”

Реализирани работилници во рамки на Проектот за меѓуетничка интеграција

Во текот на ноември и декември 2021 година нашето училиште ООУ Ванчо Николески – с.Лескоец, општина Охрид реализира шест онлајн работилници во соработка со партнер училиштето ООУ Јонус Емре – с.Лисичани, општина Пласница. Работилниците се реализираа во рамки на Проектот за меѓуетничка интеграција во образованието. Во работилниците учествуваа вкупно 13 наставници и стручни соработници и 72 ученици од двете партнер училишта. Работилниците се изведоа преку онлајн средби на наставниците и учениците од двете училишта преку платформата Microsoft Teams.

Continue reading “Реализирани работилници во рамки на Проектот за меѓуетничка интеграција”

Еразмус+ мобилност во Португалија

Во периодот од 29.11 – 3.12. 2021 година во Португалија се одржа втората мобилност од Еразмус+ проектот „Clean nature – long life“ („Чиста природа – долг живот“). На истата присуствуваа претставници од училишта од сите земји партнери во проектот, и тоа: Велика Британија, Турција, Португалија и Романија. Од нашето училиште претставници на оваа мобилност беа: директорката Елена Ел Нади, наставничката по англиски јазик Елисабета Настоска и педагогот Весна Терзиоска. На оваа мобилност се работеше според претходно утврдена агенда за размена на искуства од областа на екологијата и вклученоста на училиштата во зачувување на животната средина. Нашето училиште презентираше дел од активносите што се прават на ова поле со нашите ученици, интеграцијата на еко содржините во образовниот курикулум, како и што е она што се планира во иднина да се прави за да се придонесе до почиста животна средина. Во рамки на посетата имавме прием кај Градоначалникот на São João da Madeira и од советникот за образование во Локалната самоуправа.Првата мобилност од проектот „Clean nature – long life“ се реализира во ноември 2019 година, а домаќин училиште беше ООУ „Ванчо Николески“ – Лескоец, Охрид, кога се работеше на тема „Климатски промени“. Еразмус+ проектот трае до август 2022 година.

ПОКАЗНА ВЕЖБА ЗА ЕВАКУАЦИЈА

На 22.11.2021 година во соработка со СВР Охрид, Противпожарна територијална единица од Охрид и ОО Црвен Крст Охрид беше реализирана показна вежба за евакуација од земјотрес во централното училиште во Лескоец.

Вежбата започна во 10:00 часот со даден сигнал за тревога, после што следуваше евакуација на учениците и вработените според Планот за заштита и спасување, изготвено Сценарио и Скица за евакуација.

Continue reading “ПОКАЗНА ВЕЖБА ЗА ЕВАКУАЦИЈА”

Реализирана работилница „Техники неопходни за успешно учење“ со партнер училиштето од Лисичани 

На 18.11.2021 година педагогот Весна Терзиоска од нашето училиште во соработка со педагогот од партнер училиштето „Јунус Емре“ од Лисичани, реализираше работилница на тема: „Техники неопходни за успешно учење“ со ученици од V одделение. Работилницата се реализираше со физичко присуство секој во своето училиште, но истовремено виртуелно  поврзани со пријателите од партнер училиштето преку Microsoft Teams. Преку многу вежби и интерактивност учениците се запознаа меѓусебно, ја согледаа потребата и важноста од учењето, поминаа низ процес на активно учење за неопходните услови за успешно учење, ги проучија чекорите за правилно учење, а сето тоа преку разни техники за учење.

Continue reading “Реализирана работилница „Техники неопходни за успешно учење“ со партнер училиштето од Лисичани “

ЕВРОПСКА ОЗНАКА ЗА КВАЛИТЕТ

ООУ „Ванчо Николески“ – Лескоец беше наградено со Европска ознака за квалитет за работа во Е – Твининг проектотот „OLOP – One Language, One Person“. Тоа е доказ дека работата на нашите ученици под менторство на наставничката по англиски јазик Елисабета Настоска, е признаена на највисоко Европско ниво.E – Твининг проектот  „OLOP – One Language One Person“ / „Еден јазик, една личност“ е проект што наставничката по англиски јазик го работеше со ученици од VIII одделение, и тоа: Мелани Котоска, Марија Ѓоргиеска, Наталија Караџова и Илијана Климоска. Целта на проектот беше учениците да воочат дека учењето странски јазик може да биде многу интересно доколку се запознаат со ученици на своја возраст од други држави низ Европа, а со истите комуницираат на англиски јазик и користат исти ИКТ алатки. Учениците низ разни активности споделуваа и усвојуваа знаење на странски јазик, учејќи зборови, изрази на англиски јазик преку веб2 алатки и игри. 

Како резултат на успешно завршената работа, училишето, наставничката и сите учесници добија сертификати, а нашиот проект ќе биде вметнат во посебен простор на Европскиот портал http://www.etwinning.net.

НАГРАДА ЗА УСПЕШНО РЕАЛИЗИРАН ПРОЕКТ ЗА ПОТТИКНУВАЊЕ ДЕМОКРАТСКА КЛИМА ВО УЧИЛИШТЕТО

Како резултат на успешно реализирани активности во рамки на „Проектот за поттикнување на демократска клима во училиштето“ во учебната 2020/21 година, ООУ „Ванчо Николески“ доби: лап топ компјутер, ЛЦД проектор, постери, флаери и бележници за наставници.
Проектот за поттикнување на демократска клима во училиштето има за цел да ја подигне граѓанската свест кај учениците, тие да се стимулираат на граѓански активизам, да ги иницираат и да се вклучуваат во промените што сакаат да ги направат во своето опкружување, а преку тоа да се стекнат со граѓански компетенции. Најпрво овие содржини се реализираа преку предметот Граѓанско образование, но подоцна во сите наставни предмети ќе се имплементираат активности и содржини што ќе придонесуваат за поттикнување на демократската клима во училиштето. Координатор на проектот е наставничката Александра Петревски, а нејзини соработници се педагошко – психолошката служба, наставници и ученици од Ученичкиот парламент.

Continue reading “НАГРАДА ЗА УСПЕШНО РЕАЛИЗИРАН ПРОЕКТ ЗА ПОТТИКНУВАЊЕ ДЕМОКРАТСКА КЛИМА ВО УЧИЛИШТЕТО”

Активности по повод Детската недела

Првачињата од ООУ „Ванчо Николески“ од Лескоец, но и од подрачните училишта во Косел, Куратица и Ливоишта официјално станаа дел од Детска организација. Детската недела која се одбележува секоја година во првата полна недела од месец октомври, оваа година во нашето училиште се одбележа со низа активности. Почнувајќи од 4-ти Октомври кога ја читавме Конвенцијата за правата на детето, на 5-ти Октомври го одбележавме Денот на учителот, на 7-ми Октомври првачињата реализираа еколошка акција за чиста околина и подобро здравје, за на крај од неделата, на 8-ми Октомври, сето празнување да заврши со пригодна свеченост за прием на првачињата во Детска организација. Со краток свечен говор од директорката на училиштето Елена Ел Нади, со мала свечена приредба и давање заклетва, првачињата гласно и јасно го кажаа детското ветување, дека ќе учат вредно, ќе се грижат за себе и другите и ќе постигнуваат резултати во учењето. Во рамки на празнувањето на приемот на првачињата во Детска организација во ПУ Косел, беше одбележан и 11-ти Октомври, Ден на народното востание на македонскиот народ.
Сите настани се организираа во вонредни услови, но со почитување на мерките за заштита од Ковид 19, бидејќи и мотото за оваа година е во тој правец: „ЈАС ИЗБИРАМ ЗДРАВЈЕ, А ТИ?“