Со донација од дијаспората купени таблети за ученици во ООУ „Ванчо Николески“

ООУ „Ванчо Николески“ на почетокот од оваа учебна година доби донација, парични средства од жители од Лескоец кои денес живеат во дијаспората. Во заеднички договор со нив, со паричните средства се обезбедија 5 таблети со потребните перформанси за следење наставата од далечина на новата национална платформа.

ООУ „Ванчо Николески“ искажува голема благодарност за донацијата на пријателите од дијаспората, бидејќи со овој нивен хуман гест се подобрија условите кај некои ученици и семејства, при што се олесни ситуацијата за непречено следење на наставата онаму каде што имаше потреба.

Училиштето продолжува да работи во интерес на учениците и нивните семејства, преку барање начини за дополнителни донации и решенија за сите предизвици, сѐ со цел сите ученици да бидат опфатени со квалитетна и безбедна настава.

Првиот училишен ден!

Денес ООУ „Ванчо Николески“ ги отвори вратите за вкупно 123 ученици кои ќе отпочнат да следат настава со физичко присуство во централното и подрачните училишта во учебната 2020/21 година. Во училиштето во Лескоец и во подрачната паралелка во Ливоишта настава со физичко присуство ќе следат учениците од I до III одделение, додека во подрачните училишта во Косел и Куратица настава со физичко присуство ќе следат сите ученици од I до IX одделение.

Continue reading “Првиот училишен ден!”

УШТЕ ЕДНА ГЕНЕРАЦИЈА ПОЛУМАТУРАНТИ

Денес во нашето училиштето барем на кратко повторно се слушна детскиот џагор. Во малку необична атмосфера и со почитување на препораките за заштита од Ковид 19, на учениците од IX одделение им беа доделени свидетелствата за завршено основно образование. Заедно со свидетелствата на учениците им беа поделени и пријави за запишување во средно училиште, а на првенецот на генерација и на учениците со одличен успех им беа подарени книги за постигнатиот успех. Првенец на генерација 2019/20 година е ученичката Марија Настоска од подрачното училиште од Косел.На сите ученици од IX одделение им ја честитаме полуматурата, успешно завршеното основно образование и им посакуваме многу успех во понатамошното образование и во животот воопшто!
Училишниот персонал и во овие услови продолжува со работа заради заокружување на учебната 2019/20 година со максимално почитување на препораките за заштита од Ковид 19, како и со надеж дека следната учебна година ќе ја започнеме во нормални услови.

регионален натпревар по географија

На 07.03.2020 година во ОУ „Христо Узунов“ во Охрид се одржа регионален натпревар по географија, каде учениците од ОУ „Ванчо Николески“ под менторство на наставничката Татјана Пуцоска Бунчевска, постигнаа одлични резултати.

Continue reading “регионален натпревар по географија”

Стручна средба на Активот на училишни педагози на Охрид и Струга

На 05.03.2020 година ОУ „Ванчо Николески“ во Лескоец, Охрид, беше домаќин на стручна средба на педагозите од основните и средни училишта од Охрид и Струга. На средбата се разгледуваа и споредуваа резултатите од полугодишниот успех и редовноста на учениците во основните и средните училишта од овие општини, се дискутираа актуелни прашања и проблеми со кои училиштата секојдневно се соочуваат, се донесоа заклучоци за понатамошно делување, а исто така се презентираа и резултати од Студијата за здрав живот „Health behavior in school aged children“.

Continue reading “Стручна средба на Активот на училишни педагози на Охрид и Струга”

РЕТКИ СЕ, НО НЕ СЕ САМИ!

Учениците од ОУ „Ванчо Николески“ преку разни активности го одбележаа месецот на ретки болести. Во месецот со најмалку денови и месецот кој пациентите со ретки болести го викаат „свој“, учениците од ова училиште заедно со своите наставници и библиотекарот одржаа разни креативни активности под мотото „Ретки сте, ама не сте сами“. Во текот на реализираните активности учениците се запознаа со дел од ретките болести, со проблемите и предизвиците со кои се соочуваат овие пациенти и ја дадоа својата поддршка за заедницата на ретки болести. Учениците со голема мотивираност се вклучија во активностите, преку кои и ја изразија својата креативност и хуманост.

Continue reading “РЕТКИ СЕ, НО НЕ СЕ САМИ!”