Учениците од еколошката секција во нашето училиште, а под менторство на нивните одговорни наставници, со мини велосипедска тура ја одбележаа европската недела на движењето.





ОВДЕ УЧЕШЕ ТАТКО МИ – СЕГА УЧАМ ЈАС. УТРЕ ЌЕ УЧАТ МОИТЕ ДЕЦА. ОВА Е НАШ ДОМ
Заеднички испраќаме пораки за важноста на физичката активност од најмали години и поттикнуваме здрави животни навики.
Одржувањето на спортскиот, здрав дух – соединува, не познава возрасни граници и создава многу позитивна енергија.
Континуирано практикување на спортот од најмали нозе е пред се добро за здравјето, но и за целокупниот детски развој.
Ги учиме децата дека физичката активност е еден од клучните фактори за здравје.
Низ неколку игри ![]()
, преку тимска работа децата се учат на дисциплина, толеранција и меѓусебно почитување.
Да спортуваме ![]()
![]()
, да го чуваме сопственото здравје и да оставиме позитивни примери на заедништво и инклузија, за генерациите зад нас.
![]()
Пронајдете време за себе, бидете и вие дел од Европската недела на спортот и изберете ја омилената активност!













Со пригодна свеченост, програма подготвена од повозрасните ученици и нивните наставнички, беа дочекани новите првачиња во ООУ „Ванчо Николески“, како во централното училиште во Лескоец, така и во подрачните училишта во Косел и Куратица.


Традицијата за соработка со Е-Твининг проекти продолжува.
Ученици од VII одд. и оваа учебна година 2024/25 (второ полугодие), зедоа активно учество во проектот „Културни и природни истражувачи“ заедно со наставничката по англиски јазик Елисабета Настоска.

Во текот на месец мај 2025 година ООУ „Ванчо Николески”– с. Лескоец, општина Охрид реализираше работилници во соработка со партнер училиштето ООУ „Јунус Емре” – с. Лисичани, општина Пласница. Работилниците се реализираа во две возвратни посети на партнер училиштата. Првата средба се реализираше на 08-ми Мај во централното училиште во село Лескоец. Втората средба се реализира на 14-ти Мај, а домаќин беше училиштето „Јунус Емре” од село Лисичани, општина Пласница. Работилниците се реализираа во рамки на Проектот за меѓуетничка интеграција во образованието. Во работилниците учествуваа вкупно 13 наставници и 52 ученици од двете партнер училишта.

Во периодот од 31-ви Март до 4-ти Април, нашето училиште беше домаќин на педагогот Сања Матиќ и наставничката во одделенска настава Анита Чупиќ од ОШ „Краљица Јелена“ од Солин, близу Сплит, Република Хрватска. Тие беа на работна посета во нашето училиште, како дел од програмата за акредитација Еразмус+.

По повoд 45 годишнината од смртта на познатиот македонски писател и наш патрон Ванчо Николески, преставници од НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид гостуваше во нашето училиште.

Нашите ученици од второ и трето одделение од Лескоец настапија на предновогодишниот хуманитарен настан „Новогодишен сон“, во организација на Црвен Крст Охрид и Општина Охрид.
Исто така училиштето имаше штанд со изработени новогодишни украси, со чија продажба учествувавме во собирање средства за разубавување на новогодишните празници на социјално загрозените семејства во Охрид.








Во рамките на проектот „Нашите приказни се наши мостови“ на 05.11.2024 година се реализира четвртата и последна виртуелна (онлајн) активност од овој проект. На истата учествуваа над 70 наставници и ученици од трите земји учеснички во проектот (Македонија, Хрватска и Словенија).
