Интернационален е-Твининг семинар на тема “Well-being in schools” (Благосостојба во училиштата) се реализираше во период од 9-ти до 11-ти септември 2024 година, во Тбилиси, Грузија. На овој семинар учествуваа наставници од 14 европски земји.
Меѓу нив учество имаше учесници и од нашата држава меѓу кои и наставничката по англиски јазик Елисабета Настоска од ООУ “Ванчо Николески” – с. Лескоец, Охрид.
Третата образовна мобилност од Еразмус+ проектот “Нашите приказни се наши мостови” во Охрид.
ООУ “Ванчо Николески”
ПЕТТИ ДЕН (23.09.2024)
Вежба за тимска работа: “Моја приказна, мој мост”.
Работилница за ученици:
Учениците во групи креираа е – книга со приказните научени во Охрид.
Презентација на е-книгите.
Работилница за наставниците:
Презентација “Приказните во македонскиот образовен курикулум”
Групна дискусија
Креирање е-брошура
Официјално затворање на образовната мобилност:
Евалуација
Завршување на играта “Моите тајни пријатели” – креирање “Мојата приказна во Охрид”
Доделување сертификати
Во рамки на образовната мобилност групата учесници ја проследи претставата “Приказна за една идеја” во црквата “Света Софија”, во изведба на младите волонтери од Црвен крст Охрид.
Во периодот од 18 – 23 Септември 2024 во Охрид се реализира третата и последна образовна мобилност од Еразмус+ проектот “Нашите приказни се наши мостови”/”Our stories are our bridges”, каде нашето училиште е главен координатор.
Домаќин на мобилноста беше ООУ “Ванчо Николески” од Лескоец, а на истата освен наставници и ученици од ова училиште, имаше наставници и ученици од ОШ „Анте Цурач – Пињац“ од Жрново Р. Хрватска (остров Корчула) и од ОШ “Брезовица при Љубљани” од Р. Словенија.
Првачињата од ООУ „Ванчо Николески“ вчера ги засадија нивните генерациски дрвциња во училишните дворови во Лескоец и Косел. Дрвцата „Маза“ и „Бела“ ќе бидат обележје на нивната генерација, а првачињата ќе се грижат секојдневно за нив, за да растат заедно.
Со свечена приредба подготвена од учениците и наставниците од V одделение, како и со поздравен говор од директорот на училиштето Сашо Климоски, беа дочекани првачињата во централното училиште ООУ „Ванчо Николески“ во Лескоец.
ООУ „Ванчо Николески“ наставната година ја започнува подготвено и спремно со подобрени услови и мотивација за успешна учебна година.
Пригодна програма за првиот училиштен ден и новите првачиња беше организирана и во подрачните училишта во Косел и Куратица.
На сите ученици, наставници и родители им посакуваме многу здравје, среќа и успешно справување со сите предизвици што ги носи едукативниот процес.
Ги известуваме учениците, родителите и наставниците дека учебната 2024/25 година ќе започне на 2-ри Септември (понеделник), и тоа:
Во централното училиште Лескоец ќе се одвива според следниов распоред:
Во 08:30 часот одделенски час за учениците од II до V одделение
Во 09:00 часот свечен прием на првачињата во училиштето во училишниот хол
Во 10:00 часот одделенски час за учениците од предметна настава VI и IX
Во ПУ Косел и ПУ Куратица првиот училишен (одделенскиот) час ќе биде во 09:00 часот за сите ученици.
ВАЖНО: Потребно е родителите од првачињата кога ќе дојдат на училиште на 1 Септември да имаат број од трансакциска сметка од еден од нив и матичен број (од еден родител), заради еднократната финансиска поддршка од општина Охрид која е предвидена за секое прваче.
На првиот одделенски час учениците од страна на своите одделенски раководители ќе бидат запознаени со распоредот на часови и со потребните информации за успешен старт на новата учебна година.
Посакуваме успешен старт на новата учебна година на сите!