Со успешно реализирање на проект поддржан од „Macedonia schools project“, ООУ „Ванчо Николески“ набави 8 смарт телевизори и со истите опреми 8 училници во централното училиште во Лескоец. Телевизорите ги имаат потребните перформанси за современа настава и со примена на истите значително ќе се подобри квалитетот на наставата, а воедно нашето училиште соодветно ќе одговори на новите предизвици на дигиталното општество. Одговорен тим за реализација на овој проект се: педагогот Весна Терзиоска, наставникот по информатика Горан Матески, директорката Елена Ел Нади, а во поставувањето на телевизорите соодветна поддршка даде и хаусмајсторот Дарко Лолески.Училиштето веќе 14 години соработува со здружението „Macedonian schools project“ и во соработка со истото има реализирано многу проекти за подобрување на условите за работа во училиштето и има набавено многу нагледни средства.