Во периодот од 10-ти до 15-ти Октомври 2022 година делегација од ООУ „Ванчо Николески“ присуствуваше на третата мобилност од Еразмус+ проектот „Our culture, our future“ („Наша култура, наша иднина“), што се реализираше во Palmela – Setúbal, Португалија. Целта на оваа мобилност беше запознавање и споделување знаења и искуства за културното и историско наследство од сите земји учесници, со посебен акцент на земјата домаќин. Освен претставници од нашето училиште, присуствуваа и претставници од: Корчула (Хрватска), Турција, Романија, Италија и Португалија. Тимот од пет ученици од нашето училиште (Јована Крстаноска, Сара Аслимоска, Бојана Илијеска, Дејан Буџакоски и Златко Митрески) го водеа педагогот Весна Терзиоска и наставничката по англиски јазик Елисабета Настоска, кои се одговорни на Еразмус+ клубот при ООУ „Ванчо Николески“. Учениците и наставниците имаа можност да го посетат училиштето во Palmela кое е партнер во овој проект, да го истражуваат културното и историско наследство на општините Palmela и Setúbal,
Continue reading “ЕРАЗМУС+ МОБИЛНОСТ ВО ПОРТУГАЛИЈА ВО РАМКИ НА ПРОЕКТОТ „НАША КУЛТУРА, НАША ИДНИНА““Месец: м.г
ДЕТСКА НЕДЕЛА
По повод Детската недела која се одбележува секоја година во првата полна недела од месец октомври и оваа година во нашето училиште ООУ „Ванчо Николески“ се одбележа со низа активности, под мотото „Другарството е дел од детската среќа“. Најпрво на 3-ти Октомври , кога е и Светскиот ден на детето се одбележа со читање на Конвенцијата за правата на детето. 4-ти Октомври учениците од прво одделение од централното училиште и подрачното училиште во Косел учествуваа во работилници „Изработка на есенско дрво“, „Пораки за другарство“ и „Играј друштвени игри“. Учениците во овие работилници пишуваа пораки за другарство, изработуваа есенско дрво со пораки за другарчињата и играа друштвени игри. 5-ти Октомври се одбележа со читање пораки, текстови и стихотворби за учителот по повод Денот на учителот. 6-ти Октомври се реализира еколошка акција за чиста околина и подобро здравје, а 7-ми Октомври се одбележа со свечена приредба во централното училиште. Истиот ден и во ПУ Косел првачињата го одбележаа приемот во ДЕТСКА ОРГАНИЗАЦИЈА, гласно и јасно го кажаа детското ветување.
Continue reading “ДЕТСКА НЕДЕЛА”УЧЕНИЦИТЕ ОД ЕКОЛОШКАТА СЕКЦИЈА ДЕЛ ОД ЕДУКАТИВЕН НАСТАН ЗА МАПИРАЊЕ И УПРАВУВАЊЕ СО ТРСКАТА ВО ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО
30 ученици од еколошката секција од нашето училиште под менторство на одговорната наставничка Татјана Пуцоска Бунчевска беа дел од едукативната екскурзија за мапирање и правилно управување со трската во Охридското Езеро, која се реализира на 29-ти Септември на бродот Александрија. Едукативната екскурзија беше наменета за ученици од основните училишта, а освен нашите имаше ученици и од ООУ „Братство единство“ и ООУ „Св. Климент Охридски“. Исто така имаше претставници и од Секторот за образование од општина Охрид. Целта на едукативниот настан беше подигнување на еколошката свест кај најмладите, посета на места во Охридското Езеро важни за трската, стекнување знаења за правилен третман на трската и нејзината важност за флората и фауната во Охридското Езеро. Учениците преку најразлични едукативни вежби и работилници се запознаваа меѓусебно, стекнаа нови знаења за зачувување на животната средина, практични вештини, а во исто време се дружеа и поминаа прекрасно корисно време заедно.
Continue reading “УЧЕНИЦИТЕ ОД ЕКОЛОШКАТА СЕКЦИЈА ДЕЛ ОД ЕДУКАТИВЕН НАСТАН ЗА МАПИРАЊЕ И УПРАВУВАЊЕ СО ТРСКАТА ВО ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО“