По повод Детската недела која се одбележува секоја година во првата полна недела од месец октомври и оваа година во нашето училиште ООУ „Ванчо Николески“ се одбележа со низа активности, под мотото „Другарството е дел од детската среќа“. Најпрво на 3-ти Октомври , кога е и Светскиот ден на детето се одбележа со читање на Конвенцијата за правата на детето. 4-ти Октомври учениците од прво одделение од централното училиште и подрачното училиште во Косел учествуваа во работилници „Изработка на есенско дрво“, „Пораки за другарство“ и „Играј друштвени игри“. Учениците во овие работилници пишуваа пораки за другарство, изработуваа есенско дрво со пораки за другарчињата и играа друштвени игри. 5-ти Октомври се одбележа со читање пораки, текстови и стихотворби за учителот по повод Денот на учителот. 6-ти Октомври се реализира еколошка акција за чиста околина и подобро здравје, а 7-ми Октомври се одбележа со свечена приредба во централното училиште. Истиот ден и во ПУ Косел првачињата го одбележаа приемот во ДЕТСКА ОРГАНИЗАЦИЈА, гласно и јасно го кажаа детското ветување.
Continue reading “ДЕТСКА НЕДЕЛА”