Денес е ден на голема радост и гордост за нашето училиште. По цели 30 години исчекување, конечно успеавме да изградиме сопствена спортска сала — простор што не претставува само нов објект, туку исполнување на една долгогодишна потреба и голема желба на многу генерации.

Реализацијата на ваков проект долго време се очекуваше, и затоа денешниот ден има особено значење за сите нас. Со ова свечено отворање, ја ставаме салата во функција и создаваме подобри услови за спорт, развој и напредок на нашите ученици.
Оваа спортска сала е изградена со финансиски средства од државата, а во донесувањето на одлуката за нејзината изградба учествуваа и централната и локалната власт. Упатуваме искрена благодарност до сите што ја препознаа важноста на оваа потреба и овозможија нашето училиште да добие услови какви што одамна ги заслужува.









За нашето училиште, ова е голем чекор напред. Со оваа сала добиваме подобри услови за настава, за спортски активности и за поквалитетен воспитно-образовен процес. Но уште поважно, добиваме простор во кој нашите деца ќе растат посилни, посамоуверени и посреќни!
За нашите ученици, оваа сала ќе биде многу повеќе од простор за спорт. Таа ќе биде место каде што ќе се развиваат здрави навики, дисциплина, истрајност, тимски дух и почит. Тука ќе се создаваат нови успеси, нови спомени и нови можности за правилен раст и развој.













