ООУ „Ванчо Николески“ ќе добие потполно нов изглед!
Започнаа градежните работи за целосна реконструкција на фасадата на училишната зграда во Лескоец. Проектот е во реализација на општина Охрид, а ги опфаќа следниве активности:
👉Целосна реконструкција на фасадата (Термо – изолациона фасада по сите стандарди)!
👉Монтажа на нови гранитни окапници на целото училиште!
👉Комплетна промена на олуци на цело училиште!
👉Поставување снегобрани на целото училиште!
👉Промена на дел од старата дограма (постоечки метални со ПВЦ)!
НЕ ЗАСТАНУВАМЕ!











Наша определба е создавање потопол и поубав дом за нашите ученици!















