На 24-ти и 25-ти Октомври во нашето училиште се реализира 8 часовна обука за медиумска писменост. Учесници на обуката беа вкупно 26 наставници, и тоа наставници од одделенска настава и наставници по македонски јазик во предметна настава од училиштата: ООУ „Ванчо Николески“ – Лескоец и ООУ „Живко Чинго“ – Велгошти.
По повод Детската недела која се одбележува секоја година во првата полна недела од месец Октомври, оваа година во нашето училиште, ООУ „Ванчо Николески“, се реализраа низа активности под мотото „Јас и светот околу мене“.
На 02.10.2023 година во нашето училиште се реализира обука за ESEP платформата, eTwinning проекти и соработка помеѓу наставниците. На обуката присуствуваа 20 наставници и стручни соработници од нашето училиште, заинтересирани да ја имплементираат можноста на eTwinning платформата во својата секојдневна работа со учениците.
Со свечена приредба и поздравен говор од директорот на училиштето Сашо Климоски, беа дочекани првачињата во централното училиште ООУ „Ванчо Николески“ во Лескоец.
Краток филм за „Свадбени обичаи“ со кое успешно се претставивме на образовната мобилност во Корчула (Република Хрватска), од 15-19ти Мај 2023 година, а во рамки на Еразмус+ проектот „Наша култура, наша иднина“. Следејќи ги насоките и во рамки на можностите, со филмчето успеавме да прикажеме повеќе од свадбените обичаи кај нас, а публиката истото го проследи со големо воодушевување и позитивни коментари.
WEDDING CUSTOMS
За изработка на филмчето помогнаа наставничката Емилија Блажеска, КУД „Фаланга“ од Лескоец, Филип Ставрески, родителот Леон Котоски, ученикот од VIIIa Мартин Котоски, а и сите ученици вклучени во снимањето.
Покрај тоа, учениците во Корчула се претставија и со презентација за резултатите од истражувањето на тема „Стари предмети во нашиот крај“, што го реализираа со наставничката Aleksandra Petrevski.
Еразмус тимот од ООУ „Ванчо Николески“ со незаборавни искуства и впечатоци ја заврши и последната образовна мобилност од Еразмус+ проектот „Our culture, our future“ („Наша култура, наша иднина“). Истата се реализираше во периодот од 15-ти до 19-ти Маj 2023 година на островот Корчула, Хрватска. Тимот од четири ученици од нашето училиште (Софија Колушоска, Анастасија Котоска, Давор Сотироски и Златко Митрески) го водеа педагогот Весна Терзиоска и наставничката Елисабета Настоска. Освен претставници од нашето училиште, присуствуваа и претставници од: Корчула (Хрватска), Турција, Романија, Италија и Португалија.
Во Јануари 2023, осум ученици од VII и IX одделение со наставничката по англиски јазик се приклучија во е – твининг проектот „Заборавени зборови“. Заедно со соученици од Турција, Романија, Хрватска, Србија, Грузија, Португалија, Литванија и Грција преку разни активности, онлајн средби, изработки учеа и презентираа стари заборавени зборови и се потсетија на минатото. Целта е преку интегрирани предмети на училиште, историја, англиски и мајчин јазик, преку користење разни ИКТ алатки, да развиваат културна свест и изразување, писменост, лична и социјална свест, да учат за да научат.
Во периодот од 18.04.2023 до 22.04.2023 во Италија, гратчето Isernia, се одржа петтата и последна образовна мобилност од Еразмус+ проектот ,,Strategies for improving attendance and reducing truancy” („Стратегии за подобрување присуство и бегање од часови“). На оваа мобилност присуствуваа претставници од училиштата од сите партнери во проектот: Македонија, Србија, Словенија, Турција и домаќините – Италија. Од нашето училиште претставници на оваа мобилност беа: наставничката по англиски јазик Елисабета Настоска, педагогот Весна Терзиоска, директорот Сашо Климоски, како и наставниците: Емилија Блажеска и Петар Киселинов.
Ученици од нашето училиште учествуваа на регионални натпревари по повеќе предмети и постигнаа одлични резултати, а некои од нив се стекнаа со пласман на државен натпревар.
Во рамки на проектот „Се грижам“/„I CARE“ тим од 3 ученици (Кристијан Ристески, Андреј Маркоски и Мартин Чифлигароски), а под водство на менторите: наставничката Елисабета Настоска и педагогот Весна Терзиоска, во периодот од 20 – 24 Март беа дел од образовната мобилност која се реализираше во Финска, градот Кеми.