ЕРАЗМУС+ МОБИЛНОСТ ВО ПОРТУГАЛИЈА ВО РАМКИ НА ПРОЕКТОТ „НАША КУЛТУРА, НАША ИДНИНА“

Во периодот од 10-ти до 15-ти Октомври 2022 година делегација од ООУ „Ванчо Николески“ присуствуваше на третата мобилност од Еразмус+ проектот „Our culture, our future“ („Наша култура, наша иднина“), што се реализираше во Palmela – Setúbal, Португалија. Целта на оваа мобилност беше запознавање и споделување знаења и искуства за културното и историско наследство од сите земји учесници, со посебен акцент на земјата домаќин. Освен претставници од нашето училиште, присуствуваа и претставници од: Корчула (Хрватска), Турција, Романија, Италија и Португалија. Тимот од пет ученици од нашето училиште (Јована Крстаноска, Сара Аслимоска, Бојана Илијеска, Дејан Буџакоски и Златко Митрески) го водеа педагогот Весна Терзиоска и наставничката по англиски јазик Елисабета Настоска, кои се одговорни на Еразмус+ клубот при ООУ „Ванчо Николески“. Учениците и наставниците имаа можност да го посетат училиштето во  Palmela кое е партнер во овој проект, да го истражуваат културното и историско наследство на општините Palmela и Setúbal, 

да го посетат Lisbon, познатиот музеј и неговите значајни историски и културни знаменитости, да бидат дел од разни креативни ликовни и социјални работилници, да творат заедно, како и да приготвуваат сирење кое е специфично за нивниот регион. Исто така имаа одлична можност да се возат со брод по Атлански океан и да гледаат игра на делфини, како и да посетуваат разни природни убавини во таа област. На оваа мобилност учениците од нашето училиште го презентираа градот Охрид и неговите убавини, имаа презентација и за флората и фауната на Охридското езеро, а исто така имаа музички перформанс претставувајќи ја легендата „Билјана платно белеше“. Сите земји партнери во проектот имаа свој настап со претставување на своите култури, со што учесниците повеќе се запознаа со културите во останатите земји, со сличностите и разликите. Сето тоа допринесе за нови знаења, поголема соработка и дружење, што резултираше со убаво поминато време, забава и многу пријателства.

За време на престојот во Португалија учесниците од проектот имаа официјален прием во општинската куќа од заменик градоначалникот на општината Palmela, во која се наоѓа училиштето учесник во проектот. Проектот „Наша култура, наша иднина“ се темели на заеднички активности и размена на искуства на оваа тема, а учениците преку запознавање на другите култури се едуцираат да ги почитуваат разликите и да градат мостови меѓу народите. Следната мобилност од овој проект е во месец декември во Италија, градот Лоди во областа Ломбардија.

ООУ „Ванчо Николески“ веќе успешно реализира два Еразмус+ проекти, а оваа година во тек е имплементација на уште три Еразмус+ проекти.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s