И оваа година учениците и наставниците од ООУ „Ванчо Николески“ – Лескоец се вклучија во поддршка на лицата со ретки болести, правејќи низа активности и креативни работилници во текот на овој месец.
Continue reading “ДА ГИ ПОКАЖЕМЕ НАШИТЕ БОИ”Месец: м.г
Работилница „Превенција од ризично однесување”
На 07.02.2023 година во нашето училиште со помош на врснички едукатор и волонтер при ОО Црвен Крст Охрид се реализира работилница со учениците од VII оддeление, на тема заштита и превенција од болестите на зависност што ги демнат младите луѓе. Преку презентација и интерактивен начин учениците се стекнаа со информации и добија одговори на поставени прашања за последиците од различните видови зависности, што се штетни по здравјето на човекот. Се разговараше за врсничкиот притисок, достапноста на овие пороци, но најмногу за избегнување и заштита од истите. Оваа работилница беше организирана во рамки на проектот „Превенција од ризично однесување”, што се реализира со седмооделенците по изборниот предмет „Унапредување на здравјето“.
Continue reading “Работилница „Превенција од ризично однесување””ОБУКА ЗА ДИГИТАЛИЗАЦИЈА ВО ОБРАЗОВАНИЕТО
На 30.01.2023 година во нашето училиште се реализира обука за „Дигитализација во образованието“, од страна на тим наставници од ООУ „Св. Климент Охридски“ – Македонски Брод, како дисеминација на нивно искуство од К1 Еразмус+ проект.
Обуката беше многу корисна, а целта беше запознавање на наставниците со 7 дигитални алатки, нивната намена и постапки за користење. Истата беше интерактивна, во времетрање од 3 саати, а ја проследија 31 учесник од нашето училиште.
Со оваа обука се подобрија дигиталните компетенции на наставниците за имплементација на понудените апликациите во наставата. Ние како училиште ќе се залагаме за практична примена на стекнатите знаења и понатамошна стручна соработка со ова училиште.
Continue reading “ОБУКА ЗА ДИГИТАЛИЗАЦИЈА ВО ОБРАЗОВАНИЕТО”