ОБУКА ЗА ДИГИТАЛИЗАЦИЈА ВО ОБРАЗОВАНИЕТО

На 30.01.2023 година во нашето училиште се реализира обука за „Дигитализација во образованието“, од страна на тим наставници од ООУ „Св. Климент Охридски“ – Македонски Брод, како дисеминација на нивно искуство од К1 Еразмус+ проект.

Обуката беше многу корисна, а целта беше запознавање на наставниците со 7 дигитални алатки, нивната намена и постапки за користење. Истата беше интерактивна, во времетрање од 3 саати, а ја проследија 31 учесник од нашето училиште.

Со оваа обука се подобрија дигиталните компетенции на наставниците за имплементација на понудените апликациите во наставата. Ние како училиште ќе се залагаме за практична примена на стекнатите знаења и понатамошна стручна соработка со ова училиште.

Continue reading “ОБУКА ЗА ДИГИТАЛИЗАЦИЈА ВО ОБРАЗОВАНИЕТО”