Новогодишна приредба и Новогодишен базар во ООУ „Ванчо Николески“

На 26-ти декември во ООУ „Ванчо Николески“ – Лескоец беше реализирана свечена Новогодишна приредба и Новогодишен базар. Во рамки на овој настан, а во соработка со Здружението „Спасовден“ и Месната заедница од Лескоец, беше обезбеден Дедо Мраз и пакетчиња за сите ученици од одделенска настава. 

Свечената приредба започна со настап на училишниот хор, а потоа следуваше поздравен говор од директорот на училиштето Сашо Климоски. Тој ги честита престојните празници и се заблагодари на родителите и помагателите за поддршката што ја даваат на училиштето на секое поле, истакнувајќи дека сите сме тука за да обезбедиме услови за учениците, бидејќи секое дете заслужува да биде среќно. 

Continue reading “Новогодишна приредба и Новогодишен базар во ООУ „Ванчо Николески“”

Еразмус+ образовна мобилност во Италија, во рамки на проектот „Наша култура, наша иднина“

Во периодот од 12-ти до 16-ти Декември 2022 година делегација од ООУ „Ванчо Николески“ присуствуваше на четврата мобилност од Еразмус+ проектот „Our culture, our future“ („Наша култура, наша иднина“), што се реализираше во Лоди, Италија. Целта на оваа мобилност беше запознавање и споделување знаења и искуства за културното и историско наследство од сите земји учесници, со посебен акцент на традиционалната музика и музичките инструменти на земјата домаќин. Тимот од четири ученици од нашето училиште (Јована Николоска, Елеонора Смическа, Јана Петрушевска и Елена Чулческа) го водеа педагогот Весна Терзиоска и наставничката по англиски јазик Елисабета Настоска, кои се одговорни на Еразмус+ клубот при ООУ „Ванчо Николески“. Освен претставници од нашето училиште, присуствуваа и претставници од: Корчула (Хрватска), Турција, Романија, Италија и Португалија. 

Continue reading “Еразмус+ образовна мобилност во Италија, во рамки на проектот „Наша култура, наша иднина“”

Презентација и дисеминација од образовната мобилност во Португалија во рамки на Еразмус+ проектот „Our culture, our future“

Како дел од Еразмус активностите на Еразмус+ клубот при ООУ „Ванчо Николески“, наставничката Елисабета Настоска и педагогот Весна Терзиоска, како и учениците: Бојана Илиеска, Сара Аслимоска, Дејан Буџакоски, Јована Крстаноска и Златко Митрески, во училишниот хол презентираа искуства и впечатоци од нивното учество на образовната мобилност во Palmela – Setúbal, PORTUGAL во рамки на Еразмус+ проектот „Our culture, our future“. Преку Power point и видеа тие на интересен начин ги дисеминираа активностите во кои беа вклучени, искуствата што ги разменија, знаењата кои ги стекнаа и местата што ги посетија. Нивните впечатоци за оваа образовна мобилност беа позитивни, со порака до останатите ученици и наставници да се трудат да се стекнат со можност за едно вакво корисно патување.

Continue reading “Презентација и дисеминација од образовната мобилност во Португалија во рамки на Еразмус+ проектот „Our culture, our future“”

Одбележан светскиот ден на волонтеризмот преку интерактивна работилница со учениците од VIII одделение

По повод Светскиот ден на волонтеризмот, 5-ти Декември, а во рамки на наставната програма по Граѓанско образование, наставничката Александра Петревски и педагогот Весна Терзиоска реализираа интерактивни работилници за волонтеризмот. Работилниците беа реализирани со учениците од VIIIa и VIIIб одделение, а со цел истакнување на важноста од волонтирање заради личен развој и општествена одговорност. Учениците се запознаа со поимот волонтеризам, со тоа кој може да биде волонтер, со можностите за волонтирање, како и со тоа кои се придобивките од волонтирање. Работилниците беа од отворен тип, а на истите беа присутни и активно вклучени и неколку наставници. ООУ „Ванчо Николески“ го поттикнува волонтирањето и граѓанскиот активизам кај своите ученици, преку разни форми на активности и ученички иницијативи поддржани од самите наставници и менаџментот на училиштето.

Continue reading “Одбележан светскиот ден на волонтеризмот преку интерактивна работилница со учениците од VIII одделение”

РАБОТИЛНИЦИ СО ПАРТНЕР УЧИЛИШТЕТО „ЈУНУС ЕМРЕ“ ОД ЛИСИЧАНИ ВО РАМКИ НА ПРОЕКТОТ ЗА МЕЃУЕТНИЧКА ИНТЕГРАЦИЈА ВО ОБРАЗОВАНИЕТО

Во текот на октомври и ноември 2022 година ООУ “Ванчо Николески”– с. Лескоец, општина Охрид реализираше работилници во соработка со партнер училиштето ООУ “Јунус Емре” – с. Лисичани, општина Пласница. Работилниците се реализираа преку две возвратни посети на партнер училиштата. Подрачното училиште во с. Косел беше домаќин за првата средба која се реализира на 13-ти Октомври. Работилниците се реализираа во рамки на Проектот за меѓуетничка  интеграција во образованието. Во работилниците учествуваа вкупно 20 наставници и стручни соработници и 57 ученици од двете партнер училишта. Втората средба се реализираше на 29-ти Ноември во просториите на основното училиште “Јунус Емре” во с. Лисичани, Пласница.

Continue reading “РАБОТИЛНИЦИ СО ПАРТНЕР УЧИЛИШТЕТО „ЈУНУС ЕМРЕ“ ОД ЛИСИЧАНИ ВО РАМКИ НА ПРОЕКТОТ ЗА МЕЃУЕТНИЧКА ИНТЕГРАЦИЈА ВО ОБРАЗОВАНИЕТО”