Денес се одржа 50-тиот општински натпревар по прва помош, во организација на Црвен крст Охрид.
Нашето училиште учествуваше со екипа составена од ученици од VII одделение, и тоа: Ева Ѓузелоска, Филип Бадалоски, Калина Ѓузелоска, Анастасија Трифуноска, Јана Аслимоска, Стефани Чулческа и Андреј Стеваноски, под менторство на наставничката Елена Ел Нади.






































































































