Денот на екологијата

Денес со голем број активности традиционално се одбележа Денот на екологијата во нашето училиште, како од учениците и наставниците од централното училиште во Лескоец, подрачните училишта во Косел, Куратица и Ливоишта, така и од учениците и членовите на еколошката секција.

Учениците собираа отпад низ улиците околу централното и подрачните училишта, го уредуваа и разубавуваа училишниот двор, а беа посадени голем број на цвеќиња и садници. Исто така во текот на акцијата, учениците испишаа голем број еколошки пораки, сакајќи да ја поттикнат еколошката свест кај сите граѓани.

Исто така во рамките на одбележување на овој ден дел од учениците од еколошката секција од предметна настава имаа изработено облека од материјали што се рециклираат, испраќајќи силна порака за реупотреба на искористените материјали и намалување на отпадот.

Преку денешните активности учениците и вработените во ООУ „Ванчо Николески“ се обидуваат да ја подигнат еколошката свест и да покажат грижа за зачувување на чиста и здрава животна средина.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s