РЕТКИ СЕ, НО НЕ СЕ САМИ!

Учениците од ОУ „Ванчо Николески“ преку разни активности го одбележаа месецот на ретки болести. Во месецот со најмалку денови и месецот кој пациентите со ретки болести го викаат „свој“, учениците од ова училиште заедно со своите наставници и библиотекарот одржаа разни креативни активности под мотото „Ретки сте, ама не сте сами“. Во текот на реализираните активности учениците се запознаа со дел од ретките болести, со проблемите и предизвиците со кои се соочуваат овие пациенти и ја дадоа својата поддршка за заедницата на ретки болести. Учениците со голема мотивираност се вклучија во активностите, преку кои и ја изразија својата креативност и хуманост.

Continue reading “РЕТКИ СЕ, НО НЕ СЕ САМИ!”

Учениците од ОУ „Ванчо Николески“ хумани и насмеани

Хумани и насмеани!
Денес учениците од одделенска настава во Лескоец ја проследија претставата „Четири принцези“ во изведба на вработени од ЈУДГ „Јасна Ристеска“. Претставата беше кратка, едукативна и позитивна, „глумците“ беа весели и уникатни, со што успеаја да ја доловат приказната на Годината на интересен начин, а нашите ученици уживаа во истата.
Собраните средства од претставата се наменети за лекување на дечиња од Охрид кои во моментов се борат со тешка болест.

Continue reading “Учениците од ОУ „Ванчо Николески“ хумани и насмеани”

Успешно завршен проектот од УСАИД – компонента реновирање во ОУ „Ванчо Николески“ во Лескоец

Во текот на септември и октомври 2019 година во ОУ „Ванчо Николески“ во Лескоец се реализираа активности од добиениот проект од УСАИД (Компонента 3 – Реновирање), во вредност од 1 200 000 денари, а се однесуваа на реновирање на сите училници, училишниот хол, како и санитарните јазли од учениците.

Continue reading “Успешно завршен проектот од УСАИД – компонента реновирање во ОУ „Ванчо Николески“ во Лескоец”

Вредните раце на младите волонтери од ОО Црвен Крст Охрид

На 01.02.2020 година холот од училиштето во нашето училиште во Лескоец беше разубавен од вредните раце на младите волонтери од ОО Црвен Крст Охрид. Имено, учесниците од програмата „Млади лидери создаваат иднина“ при ООЦК Охрид го збогатија училишниот хол со цртежи со разнобојни содржини за забава и рекреација на учениците. Учениците беа пријатно изненадени и среќни, а истите ги користат за друштвени игри за време на одморите.

Ден на јаболкото во ОУ „Ванчо Николески“ – Лескоец, Охрид

По иницијатива на ЕКО секцијата од ОУ „Ванчо Николески“ – Лескоец, Охрид, денес во училиштето во Лескоец, а и во подрачните училишта во Куратица и Косел, за учениците и за наставниците беше Ден на јаболкото. Сите ученици носеа јаболка за ужина, во знак на промовирање здрави навики за исхрана. Во меѓувреме се споделуваа совети за правилно консумирање на јаболкото, како и придобивки од истото. Некои од наставниците ги поврзаа и денешните наставни содржини со овошјето, јаболкото или здравата исхрана воопшто.

Continue reading “Ден на јаболкото во ОУ „Ванчо Николески“ – Лескоец, Охрид”

Завршна фаза од Проектот за меѓуетничка интеграција на ООУ „Ванчо Николески“ од Лескоец и ООУ „Јунус Емре“ од Лисичани

ОУ „Ванчо Николески” – Лескоец на 15-ти Октомври учествуваше во завршната фаза од проектот за меѓуетничка интеграција со партнер училиштето ООУ “Јунус Емре” – Лисичани, општина Пласница. Во заедничката средба која се одржа во ОУ „Јунус Емре“ – с. Лисичани, учествуваа 50 ученици и 20 наставници, истите кои учествуваа на нивната посета во ПУ Косел. Учениците водени од тандем наставници учествуваа во географска, германска, биолошко – хемиска, македонско – турска, спортска и психолошка работилница за врсничко насилство.

Continue reading “Завршна фаза од Проектот за меѓуетничка интеграција на ООУ „Ванчо Николески“ од Лескоец и ООУ „Јунус Емре“ од Лисичани”

ОУ „Ванчо Николески“беше домаќин на наставници и ученици од партнер училиштето „Јунус Емре“ од с. Лисичани

На 19ти септември 2019 година ОУ „Ванчо Николески“ беше домаќин на наставници и ученици од партнер училиштето „Јунус Емре“ од с. Лисичани, општина Пласница. Заедничката средба која се одржа во подрачното училиште во Косел, воедно е прва фаза од добиениот грант за Проектот за меѓуетничка интеграција, во чии рамки на оваа средба се реализираа 6 работилници, со учество на вкупно 50 ученици и 20 наставници. Учениците од двете училишта на интерактивен начин, а под водство на тандеми од наставници, учествуваа во биолошко – хемиска, географска, германска, македонско – турска, спортска работилница, како и психолошка работилница за препознавање и справување со врсничко насилство.

Continue reading “ОУ „Ванчо Николески“беше домаќин на наставници и ученици од партнер училиштето „Јунус Емре“ од с. Лисичани”

ОУ „ВАНЧО НИКОЛЕСКИ“ ДОМАЌИН НА ЕРАЗМУС+ ПРВА МОБИЛНОСТ

НЕ МЕНУВАЈ ЈА КЛИМАТА, ПРОМЕНИ СЕ СЕБЕ СИ!

Ова беше заклучокот од првата Еразмус мобилност во ОУ „Ванчо Николески“ – Лескоец, Охрид, во склоп на проектот „Clean nature – long life“.

Continue reading “ОУ „ВАНЧО НИКОЛЕСКИ“ ДОМАЌИН НА ЕРАЗМУС+ ПРВА МОБИЛНОСТ”

ПРОЕКТОТ „BREAKING BARRIERS THROUGH SHARING TREASURES“

ОУ „Ванчо Николески“ од Лескоец во периодот од 17ти – 23ти ноември 2019 година беше домаќин на 8 наставници и 16 ученици од: Полска, Сардинија (Италија), Грција и Турција. Посетата беше во рамки на проектот „Breaking barriers through sharing treasures“ или „Бришење бариери преку споделување богатства“, а Охрид беше избран да биде првиот град домаќин од проектот што ќе трае до јуни 2021 година.

Continue reading “ПРОЕКТОТ „BREAKING BARRIERS THROUGH SHARING TREASURES“”