Хумани и насмеани!
Денес учениците од одделенска настава во Лескоец ја проследија претставата „Четири принцези“ во изведба на вработени од ЈУДГ „Јасна Ристеска“. Претставата беше кратка, едукативна и позитивна, „глумците“ беа весели и уникатни, со што успеаја да ја доловат приказната на Годината на интересен начин, а нашите ученици уживаа во истата.
Собраните средства од претставата се наменети за лекување на дечиња од Охрид кои во моментов се борат со тешка болест.
Ден: д.м.г
Успешно завршен проектот од УСАИД – компонента реновирање во ОУ „Ванчо Николески“ во Лескоец
Во текот на септември и октомври 2019 година во ОУ „Ванчо Николески“ во Лескоец се реализираа активности од добиениот проект од УСАИД (Компонента 3 – Реновирање), во вредност од 1 200 000 денари, а се однесуваа на реновирање на сите училници, училишниот хол, како и санитарните јазли од учениците.
Continue reading “Успешно завршен проектот од УСАИД – компонента реновирање во ОУ „Ванчо Николески“ во Лескоец”