По иницијатива на ЕКО секцијата од ОУ „Ванчо Николески“ – Лескоец, Охрид, денес во училиштето во Лескоец, а и во подрачните училишта во Куратица и Косел, за учениците и за наставниците беше Ден на јаболкото. Сите ученици носеа јаболка за ужина, во знак на промовирање здрави навики за исхрана. Во меѓувреме се споделуваа совети за правилно консумирање на јаболкото, како и придобивки од истото. Некои од наставниците ги поврзаа и денешните наставни содржини со овошјето, јаболкото или здравата исхрана воопшто.
Continue reading “Ден на јаболкото во ОУ „Ванчо Николески“ – Лескоец, Охрид”