На 18.11.2021 година педагогот Весна Терзиоска од нашето училиште во соработка со педагогот од партнер училиштето „Јунус Емре“ од Лисичани, реализираше работилница на тема: „Техники неопходни за успешно учење“ со ученици од V одделение. Работилницата се реализираше со физичко присуство секој во своето училиште, но истовремено виртуелно поврзани со пријателите од партнер училиштето преку Microsoft Teams. Преку многу вежби и интерактивност учениците се запознаа меѓусебно, ја согледаа потребата и важноста од учењето, поминаа низ процес на активно учење за неопходните услови за успешно учење, ги проучија чекорите за правилно учење, а сето тоа преку разни техники за учење.
Continue reading “Реализирана работилница „Техники неопходни за успешно учење“ со партнер училиштето од Лисичани “