ОТВОРЕН ДЕН И НОВОГОДИШЕН БАЗАР ВО ООУ„ВАНЧО НИКОЛЕСКИ“

На 24-ти декември во ООУ „Ванчо Николески“ – Лескоец беше реализиран Отворен ден во рамки на Проектот за поттикнување демократска клима во училиштето „Донеси и понеси книга“ и Новогодишен базар на отворено.

Continue reading “ОТВОРЕН ДЕН И НОВОГОДИШЕН БАЗАР ВО ООУ„ВАНЧО НИКОЛЕСКИ“”

ПОСЕТА НА НУ „ГРИГОР ПРЛИЧЕВ“ ВО ОХРИД ВО РАМКИ НА ПРОЕКТОТ „ДОНЕСИ И ПОНЕСИ КНИГА“

Со почитување на сите Ковид – 19 протоколи во посета на НУ Библиотека во Охрид беа група ученици и дел од раководниот тим на ООУ „Ванчо Николески“ од Лескоец.

Вработените од библотеката им приредија одлично „патување“ низ новите простории на библиотеката, нудејќи детални инфомации за секојдневната работа, за патот на книгата од нејзината набавка, обработка, до пултот за зајмување и на крај до рацете на читателот. Беа споделувани и интересни совети, примери и податоци за сите други работни обврски кои се извршуваат во установата, а се во интерес на граѓаните.

Continue reading “ПОСЕТА НА НУ „ГРИГОР ПРЛИЧЕВ“ ВО ОХРИД ВО РАМКИ НА ПРОЕКТОТ „ДОНЕСИ И ПОНЕСИ КНИГА“”

ЕРАЗМУС+ МОБИЛНОСТ ВО ВРОЦЛАВ, ПОЛСКА

Во периодот од 05.12 – 10.12. 2021 година во Вроцлав, Полска се одржа втората мобилност од Еразмус+ проектот „I CARE“. Првата мобилност беше во истиот град во текот на октомври 2021 година, но нашето училиште поради околностите и правилата за Ковид пандемијата присуствуваше онлајн на истата. Целта на проектот „I CARE“ се активности за зачувување на животната средина и грижа за истата, што е содржано и во самото име. Темата на оваа мобилност беше рециклирање и реупотреба на материјалите, со цел создавање помал отпад. На оваа мобилност освен од нашата земја, присуствуваа претставници од училишта од земјите партнери во проектот, и тоа: Шпанија, Естонија, Полска, Чешка и Финска. Од нашето училиште претставници на оваа мобилност беа: наставничката по англиски јазик Елисабета Настоска, педагогот Весна Териоска и ученикот Андреј Маркоски од осмо одделение.

Continue reading “ЕРАЗМУС+ МОБИЛНОСТ ВО ВРОЦЛАВ, ПОЛСКА”

Реализирани работилници во рамки на Проектот за меѓуетничка интеграција

Во текот на ноември и декември 2021 година нашето училиште ООУ Ванчо Николески – с.Лескоец, општина Охрид реализира шест онлајн работилници во соработка со партнер училиштето ООУ Јонус Емре – с.Лисичани, општина Пласница. Работилниците се реализираа во рамки на Проектот за меѓуетничка интеграција во образованието. Во работилниците учествуваа вкупно 13 наставници и стручни соработници и 72 ученици од двете партнер училишта. Работилниците се изведоа преку онлајн средби на наставниците и учениците од двете училишта преку платформата Microsoft Teams.

Continue reading “Реализирани работилници во рамки на Проектот за меѓуетничка интеграција”

Еразмус+ мобилност во Португалија

Во периодот од 29.11 – 3.12. 2021 година во Португалија се одржа втората мобилност од Еразмус+ проектот „Clean nature – long life“ („Чиста природа – долг живот“). На истата присуствуваа претставници од училишта од сите земји партнери во проектот, и тоа: Велика Британија, Турција, Португалија и Романија. Од нашето училиште претставници на оваа мобилност беа: директорката Елена Ел Нади, наставничката по англиски јазик Елисабета Настоска и педагогот Весна Терзиоска. На оваа мобилност се работеше според претходно утврдена агенда за размена на искуства од областа на екологијата и вклученоста на училиштата во зачувување на животната средина. Нашето училиште презентираше дел од активносите што се прават на ова поле со нашите ученици, интеграцијата на еко содржините во образовниот курикулум, како и што е она што се планира во иднина да се прави за да се придонесе до почиста животна средина. Во рамки на посетата имавме прием кај Градоначалникот на São João da Madeira и од советникот за образование во Локалната самоуправа.Првата мобилност од проектот „Clean nature – long life“ се реализира во ноември 2019 година, а домаќин училиште беше ООУ „Ванчо Николески“ – Лескоец, Охрид, кога се работеше на тема „Климатски промени“. Еразмус+ проектот трае до август 2022 година.