Одбележан светскиот ден на волонтеризмот преку интерактивна работилница со учениците од VIII одделение

По повод Светскиот ден на волонтеризмот, 5-ти Декември, а во рамки на наставната програма по Граѓанско образование, наставничката Александра Петревски и педагогот Весна Терзиоска реализираа интерактивни работилници за волонтеризмот. Работилниците беа реализирани со учениците од VIIIa и VIIIб одделение, а со цел истакнување на важноста од волонтирање заради личен развој и општествена одговорност. Учениците се запознаа со поимот волонтеризам, со тоа кој може да биде волонтер, со можностите за волонтирање, како и со тоа кои се придобивките од волонтирање. Работилниците беа од отворен тип, а на истите беа присутни и активно вклучени и неколку наставници. ООУ „Ванчо Николески“ го поттикнува волонтирањето и граѓанскиот активизам кај своите ученици, преку разни форми на активности и ученички иницијативи поддржани од самите наставници и менаџментот на училиштето.

Continue reading “Одбележан светскиот ден на волонтеризмот преку интерактивна работилница со учениците од VIII одделение”

РАБОТИЛНИЦИ СО ПАРТНЕР УЧИЛИШТЕТО „ЈУНУС ЕМРЕ“ ОД ЛИСИЧАНИ ВО РАМКИ НА ПРОЕКТОТ ЗА МЕЃУЕТНИЧКА ИНТЕГРАЦИЈА ВО ОБРАЗОВАНИЕТО

Во текот на октомври и ноември 2022 година ООУ “Ванчо Николески”– с. Лескоец, општина Охрид реализираше работилници во соработка со партнер училиштето ООУ “Јунус Емре” – с. Лисичани, општина Пласница. Работилниците се реализираа преку две возвратни посети на партнер училиштата. Подрачното училиште во с. Косел беше домаќин за првата средба која се реализира на 13-ти Октомври. Работилниците се реализираа во рамки на Проектот за меѓуетничка  интеграција во образованието. Во работилниците учествуваа вкупно 20 наставници и стручни соработници и 57 ученици од двете партнер училишта. Втората средба се реализираше на 29-ти Ноември во просториите на основното училиште “Јунус Емре” во с. Лисичани, Пласница.

Continue reading “РАБОТИЛНИЦИ СО ПАРТНЕР УЧИЛИШТЕТО „ЈУНУС ЕМРЕ“ ОД ЛИСИЧАНИ ВО РАМКИ НА ПРОЕКТОТ ЗА МЕЃУЕТНИЧКА ИНТЕГРАЦИЈА ВО ОБРАЗОВАНИЕТО”