На 22.11.2021 година во соработка со СВР Охрид, Противпожарна територијална единица од Охрид и ОО Црвен Крст Охрид беше реализирана показна вежба за евакуација од земјотрес во централното училиште во Лескоец.
Вежбата започна во 10:00 часот со даден сигнал за тревога, после што следуваше евакуација на учениците и вработените според Планот за заштита и спасување, изготвено Сценарио и Скица за евакуација.
На 18.11.2021 година педагогот Весна Терзиоска од нашето училиште во соработка со педагогот од партнер училиштето „Јунус Емре“ од Лисичани, реализираше работилница на тема: „Техники неопходни за успешно учење“ со ученици од V одделение. Работилницата се реализираше со физичко присуство секој во своето училиште, но истовремено виртуелно поврзани со пријателите од партнер училиштето преку Microsoft Teams. Преку многу вежби и интерактивност учениците се запознаа меѓусебно, ја согледаа потребата и важноста од учењето, поминаа низ процес на активно учење за неопходните услови за успешно учење, ги проучија чекорите за правилно учење, а сето тоа преку разни техники за учење.
ООУ „Ванчо Николески“ – Лескоец беше наградено со Европска ознака за квалитет за работа во Е – Твининг проектотот „OLOP – One Language, One Person“. Тоа е доказ дека работата на нашите ученици под менторство на наставничката по англиски јазик Елисабета Настоска, е признаена на највисоко Европско ниво.E – Твининг проектот „OLOP – One Language One Person“ / „Еден јазик, една личност“ е проект што наставничката по англиски јазик го работеше со ученици од VIII одделение, и тоа: Мелани Котоска, Марија Ѓоргиеска, Наталија Караџова и Илијана Климоска. Целта на проектот беше учениците да воочат дека учењето странски јазик може да биде многу интересно доколку се запознаат со ученици на своја возраст од други држави низ Европа, а со истите комуницираат на англиски јазик и користат исти ИКТ алатки. Учениците низ разни активности споделуваа и усвојуваа знаење на странски јазик, учејќи зборови, изрази на англиски јазик преку веб2 алатки и игри.
Како резултат на успешно завршената работа, училишето, наставничката и сите учесници добија сертификати, а нашиот проект ќе биде вметнат во посебен простор на Европскиот портал http://www.etwinning.net.
Како резултат на успешно реализирани активности во рамки на „Проектот за поттикнување на демократска клима во училиштето“ во учебната 2020/21 година, ООУ „Ванчо Николески“ доби: лап топ компјутер, ЛЦД проектор, постери, флаери и бележници за наставници. Проектот за поттикнување на демократска клима во училиштето има за цел да ја подигне граѓанската свест кај учениците, тие да се стимулираат на граѓански активизам, да ги иницираат и да се вклучуваат во промените што сакаат да ги направат во своето опкружување, а преку тоа да се стекнат со граѓански компетенции. Најпрво овие содржини се реализираа преку предметот Граѓанско образование, но подоцна во сите наставни предмети ќе се имплементираат активности и содржини што ќе придонесуваат за поттикнување на демократската клима во училиштето. Координатор на проектот е наставничката Александра Петревски, а нејзини соработници се педагошко – психолошката служба, наставници и ученици од Ученичкиот парламент.