НАГРАДА ЗА УСПЕШНО РЕАЛИЗИРАН ПРОЕКТ ЗА ПОТТИКНУВАЊЕ ДЕМОКРАТСКА КЛИМА ВО УЧИЛИШТЕТО

Како резултат на успешно реализирани активности во рамки на „Проектот за поттикнување на демократска клима во училиштето“ во учебната 2020/21 година, ООУ „Ванчо Николески“ доби: лап топ компјутер, ЛЦД проектор, постери, флаери и бележници за наставници.
Проектот за поттикнување на демократска клима во училиштето има за цел да ја подигне граѓанската свест кај учениците, тие да се стимулираат на граѓански активизам, да ги иницираат и да се вклучуваат во промените што сакаат да ги направат во своето опкружување, а преку тоа да се стекнат со граѓански компетенции. Најпрво овие содржини се реализираа преку предметот Граѓанско образование, но подоцна во сите наставни предмети ќе се имплементираат активности и содржини што ќе придонесуваат за поттикнување на демократската клима во училиштето. Координатор на проектот е наставничката Александра Петревски, а нејзини соработници се педагошко – психолошката служба, наставници и ученици од Ученичкиот парламент.

Изминатата учебна година се направија низа работилници во овој проект: се уредуваше и оплеменуваше училишниот двор, се фарбаше оградата, се изготвија пораки, хамери и презентација, се изградија куќарка за птици и хотел за инсекти. Се работеше на поттикнување на еколошката свест кај учениците и возрасните, а ете признание за добро завршената работа е техничката опрема што ја добивме како награда.
Оваа година продолжува Проектот за поттикнување демократска клима во ООУ „Ванчо Николески“ и тоа активности во насока на зголемување на свеста за потребата од читање, поттикнување на љубовта кон книгите и пишаниот збор, насловени како „Донеси и понеси книга“.
Проектот се реализира во соработка со Биро за развој на образование, а е поддржан од УСАИД и МЦГО. ООУ „Ванчо Николески“ е училиште од втора фаза во овој проект.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s