Реализирана работилница „Техники неопходни за успешно учење“ со партнер училиштето од Лисичани 

На 18.11.2021 година педагогот Весна Терзиоска од нашето училиште во соработка со педагогот од партнер училиштето „Јунус Емре“ од Лисичани, реализираше работилница на тема: „Техники неопходни за успешно учење“ со ученици од V одделение. Работилницата се реализираше со физичко присуство секој во своето училиште, но истовремено виртуелно  поврзани со пријателите од партнер училиштето преку Microsoft Teams. Преку многу вежби и интерактивност учениците се запознаа меѓусебно, ја согледаа потребата и важноста од учењето, поминаа низ процес на активно учење за неопходните услови за успешно учење, ги проучија чекорите за правилно учење, а сето тоа преку разни техники за учење.


Работилницата беше многу успешна, учениците беа активни и задоволни, а како краен продукт беше изработен хамер и презентација од истата. Се надеваме дека учениците во иднина ќе ги применуваат стекнатите знаења и заклучоците од оваа работилница.
Работилницата се реализираше во рамки на добиената апликација за грант од Проектот за меѓуетничка интеграција 2021.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s