ИНТЕГРИРАН ДЕН ВО V одделение

На 24.03.2022 година во централното училиште во Лескоец се реализира интегриран наставен ден со учениците од V одделение, под раководство на наставниците Јасна Бадалоска и Сашо Климоски. Темата на денот беше Фолклор. Наставата се реализираше во училишниот хол што беше комплетно уреден во корелација со темата, односно просторот изобилуваше со традиционален мебел и предмети со фолклорни мотиви. Најпрво беше прочитана македонска народна приказна од која беа извлечени реченици што потоа учениците ги употребуваа во директен и индиректен говор (наставната содржина по македонски јазик). По часот Општество (Македонија во светот) учениците повторуваа за местоположба на Македонија во светот, Европа и Балканскиот Полуостров, соседи со кои граничи, беа посочувани градовите, селата, планините, реките, езерата, црквите и манастирите, а содржината беше интегрирана со математика, барајќи на која координати се наоѓаат одредени локации на картата. Содржината по математика беше заокружена со координати во координатен систем – да откријат буква и да состават збор во групата. Наставната содржина по Ликовно образование се работеше на импровизиран разбој, каде учениците ги изразија своите вештини и изработија креации во стил на народните ракотворби на нашите претци. Во меѓувреме наставниците ги поттикнуваа учениците да пеат македонски народни песни. Заинтересираноста, соработката, активноста на учениците, беа двигателот за овој ден да биде повеќе од успешен. Учениците уживаа во претставата на наставниците кои ги водеа низ лавиринтите на ракотворбите, приказните, песните, традицијата на нашиот народ во не толку далечното минато. 

Continue reading “ИНТЕГРИРАН ДЕН ВО V одделение”

ВРСНИЧКА ЕДУКАЦИЈА ЗА БОРБА ПРОТИВ ТРГОВИЈА СО ЛУЃЕ

На ден 21.03.2022 година ООУ “Ванчо Николески” – Лескоец беше одржана врсничка едукација за борба против модерното ропство – трговијата со луѓе. Едукацијата ја држеа сертифицирани врснички едукатори од Клубот на млади на Црвен крст Охрид, а опфатени беа 25 ученици од деветто одделение од нашето училиште. Преку прилагоден модел за ученици, интерактивен пристап и на мошне интересен начин учениците се запознаа со феноменот и опасностите од трговија со луѓе. Целта е да се едуцираат учениците, да се поткрене нивната свест и да научат како да се заштитат од овој социјален феномен, во кој најголема мета се токму младите лица.

Continue reading “ВРСНИЧКА ЕДУКАЦИЈА ЗА БОРБА ПРОТИВ ТРГОВИЈА СО ЛУЃЕ”

НАСМЕАНИ И ВО ЧИСТА ЖИВОТНА СРЕДИНА ЈА ДОЧЕКАВМЕ ПРОЛЕТТА

Со голема радост и со многу активности учениците и наставниците од ООУ „Ванчо Николески“ ја испратија зимата и ја дочекаа пролетта. Доаѓањето на пролетта и потребата за здрава животна средина беа проткаени во низата содржини што денес се случуваа во нашето училиште. Најмалите ученици од одделенска настава го уредуваа училишниот двор, дефилираа со пролетни пароли и испраќаа пораки за грижа за животната средина. Учениците пак од предметна настава го одбележаа Денот на екологијата со акција за чистење на улиците низ Лескоец, а членовите на еколошката секција засадија традиционално дрво – цреша и многу цвеќиња, со што го разубавија училишниот двор. Исто така изработуваа еколошки постери и пароли, со кои дефилираа низ улиците во Лескоец и потоа ги поставуваа на дрвата, со цел да се зголеми еколошката свест кај учениците и возрасните.

Continue reading “НАСМЕАНИ И ВО ЧИСТА ЖИВОТНА СРЕДИНА ЈА ДОЧЕКАВМЕ ПРОЛЕТТА”

Еразмус+ клубот од ООУ „Ванчо Николески“ во посета на ОО Црвен Крст Охрид

Во рамки на активностите од Еразмус+ проектите, а во соработка со ОО Црвен Крст Охрид, ученици од Еразмус+ клубот при ООУ „Ванчо Николески“ – Лескоец, Охрид, беа во посета на општинската организција Црвен Крст Охрид. Со учениците од VII и IX одделение беше реализирана интерактивна дисеминациска работилница, преку која тие имаа можност да се запознаат со Движењето на Црвениот крст и Црвената полумесечина, со принципите, со значењето на амблемот, како и со активностите што ги спроведува оваа организација на национално и локално ниво. Посебен акцент беше ставен на волонтерите и волонтирањето, како клучен фактор за успешно реализирање на сите активности на Црвен крст и помагање таму каде што е најпотребно. Учениците поставуваа прашања, а најмногу беа заинтересирани за мотивот за волонтирање, карактеристиките на волонтерот како личност, како и нематеријалните придобивки на личен и професионален план што ги стекнува волонтерот во процесот на волонтирање. 

Continue reading “Еразмус+ клубот од ООУ „Ванчо Николески“ во посета на ОО Црвен Крст Охрид”

ЕРАЗМУС+ МОБИЛНОСТ ВО РОМАНИЈА ВО РАМКИ НА ПРОЕКТОТ „НАША КУЛТУРА, НАША ИДНИНА“

Во периодот од 21-ви до 25-ти Февруари 2022 година делегација од ООУ „Ванчо Николески“ присуствуваше на првата мобилност од Еразмус+ проектот „Our culture, our future“ („Наша култура, наша иднина“), што се реализираше во Targu Jiu, Романија. Целта на оваа мобилност беше запознавање и споделување знаења и искуства за културното и историско наследство од сите земји учесници, со посебен акцент на земјата домаќин. Освен претставници од нашето училиште, присуствуваа и претставници од: Корчула (Хрватска), Турција, Романија и Португалија. Тимот од пет ученици од нашето училиште (Мелани Котоска, Илијана Климоска, Христијана Парулеска, Софија Колушоска и Наталија Караџова) го водеа педагогот Весна Терзиоска и наставничката по англиски јазик Елисабета Настоска, кои се одговорни на Еразмус+ клубот при ООУ „Ванчо Николески“. 

Continue reading ЕРАЗМУС+ МОБИЛНОСТ ВО РОМАНИЈА ВО РАМКИ НА ПРОЕКТОТ „НАША КУЛТУРА, НАША ИДНИНА“