ИНТЕГРИРАН ДЕН ВО V одделение

На 24.03.2022 година во централното училиште во Лескоец се реализира интегриран наставен ден со учениците од V одделение, под раководство на наставниците Јасна Бадалоска и Сашо Климоски. Темата на денот беше Фолклор. Наставата се реализираше во училишниот хол што беше комплетно уреден во корелација со темата, односно просторот изобилуваше со традиционален мебел и предмети со фолклорни мотиви. Најпрво беше прочитана македонска народна приказна од која беа извлечени реченици што потоа учениците ги употребуваа во директен и индиректен говор (наставната содржина по македонски јазик). По часот Општество (Македонија во светот) учениците повторуваа за местоположба на Македонија во светот, Европа и Балканскиот Полуостров, соседи со кои граничи, беа посочувани градовите, селата, планините, реките, езерата, црквите и манастирите, а содржината беше интегрирана со математика, барајќи на која координати се наоѓаат одредени локации на картата. Содржината по математика беше заокружена со координати во координатен систем – да откријат буква и да состават збор во групата. Наставната содржина по Ликовно образование се работеше на импровизиран разбој, каде учениците ги изразија своите вештини и изработија креации во стил на народните ракотворби на нашите претци. Во меѓувреме наставниците ги поттикнуваа учениците да пеат македонски народни песни. Заинтересираноста, соработката, активноста на учениците, беа двигателот за овој ден да биде повеќе од успешен. Учениците уживаа во претставата на наставниците кои ги водеа низ лавиринтите на ракотворбите, приказните, песните, традицијата на нашиот народ во не толку далечното минато. 

Continue reading “ИНТЕГРИРАН ДЕН ВО V одделение”