Во периодот од 21-ви до 25-ти Февруари 2022 година делегација од ООУ „Ванчо Николески“ присуствуваше на првата мобилност од Еразмус+ проектот „Our culture, our future“ („Наша култура, наша иднина“), што се реализираше во Targu Jiu, Романија. Целта на оваа мобилност беше запознавање и споделување знаења и искуства за културното и историско наследство од сите земји учесници, со посебен акцент на земјата домаќин. Освен претставници од нашето училиште, присуствуваа и претставници од: Корчула (Хрватска), Турција, Романија и Португалија. Тимот од пет ученици од нашето училиште (Мелани Котоска, Илијана Климоска, Христијана Парулеска, Софија Колушоска и Наталија Караџова) го водеа педагогот Весна Терзиоска и наставничката по англиски јазик Елисабета Настоска, кои се одговорни на Еразмус+ клубот при ООУ „Ванчо Николески“.
Continue reading “ЕРАЗМУС+ МОБИЛНОСТ ВО РОМАНИЈА ВО РАМКИ НА ПРОЕКТОТ „НАША КУЛТУРА, НАША ИДНИНА““